Македонија

АХВ: Затворена нелегална работилница за производство на месо

15.03.2025 16:06

Нештетно уништени се околу 200 килограми небезбедни производи. За сторениот прекршок на нелегалниот оператор изречена му е и парична казна, соопшти АХВ...

Затворена нелегална работилница за производство на производи од месо. Нештетно уништени се околу 200 килограми небезбедни производи. За сторениот прекршок на нелегалниот оператор изречена му е и парична казна, соопшти АХВ. Агенцијата спровела 154 вонредни инспекциски надзори во магацини и ладилници за храна. Недоследности се утврдени кај 41 оператор, издадени се решенија за наредба.

Изречени се 15 парични казни и уништени се десеттина килограми небезбедна храна. Кај 7 од контролираните оператори утврдени се незадоволителни хигиенски услови, а кај двајца, производите не биле означени на македонски јазик, наведуваат од АХВ.