Голема трагедија во Кочани, има жртви во пожар во дискотека
Голема трагедија во Кочани. Се запали дискотека за време концерт, има жртви и повредени. МВР ги приведува сите вклучени во организацијата на концертот. Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува...

Голема трагедија во Кочани. Се запали дискотека за време концерт, има жртви и повредени. МВР ги приведува сите вклучени во организацијата на концертот.
Според последните информации во Градската болница во Скопје се хоспитализирани 27 лица со тешки изгореници, 23 на Клиничкиот центар. Меѓу повредените има и малолетни лица.
Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува. Сè уште се преземаат дејствија и се врши увид, се вели во соопштението од ЈОРМ.
На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување.
