Трагедија
Најмалку 50 жртви во пожар во дискотека во Кочани
16.03.2025 08:15
Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.

Најмалку 50 лица се загинати, а стотици се повредени во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група, потврдија од МВР за МИА.
Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.
Повредените во пожарот, освен во Кочанската општа болница, пренесени се и во Штипската болница, во „8 Септември“ и на Скопските клиники.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа на местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата. Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски.
