Трагедија во Кочани
МВР ги приведува сите поврзани со организацијата на настанот во Кочани
16.03.2025 08:47
Министерството за внатрешни работи активно работи на утврдување на причините за трагедијата, додека во тек е испрашување на сведоци и одговорни лица.

Министерството за внатрешни работи ги приведува сите кои на каков било начин се поврзани со организацијата на концертот во дискотеката во Кочани во која ноќеска настанал голем пожар и има жртви.
Министерството за внатрешни работи активно работи на утврдување на причините за трагедијата, додека во тек е испрашување на сведоци и одговорни лица.
Надлежните служби работат на утврдување на причините за катастрофата. Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен.
