Трагедија во Кочани

Таравари: 118 лица повредени во пожарот во Кочани

16.03.2025 09:51

Подетални информации за нивната состојба најави за подоцна.

Министерот за здравство Таравари по состанокот на кризниот штаб изјави дека вкупно 118 лица се повредени во трагедијата во Кочани. Нагласи дека нема пациент што не е згрижен и дека сите здравствни капацитети низ државата се ставени во функција. Подетални информации за нивната состојба најави за подоцна.

Министерот Тошковски претходно соопшти дека во катастрофалниот пожар живото го загубиле 51 лице.