трагедија
Тошковски: 59 лица загинаа во дискотеката во Кочани
16.03.2025 12:34
59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотека во Кочани. Повредени се 155 лица, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од загинатите идентификувани се 35 лица, од кои 31 лице од Кочани и 4 од Штип...

59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотека во Кочани. Повредени се 155 лица, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од загинатите идентификувани се 35 лица, од кои 31 лице од Кочани и 4 од Штип.
Во кочанската дискотека при вршење контрола за наркотици и недозволени психотропни супстанци, загина и полицаец, соопшти на прес-конференција министерот за внатрешни работи.
