Трагедија во Кочани
МВР: Повеќе од 20 осомничени за пожарот во дискотеката во Кочани
16.03.2025 16:12
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека за трагедијата во Кочани осомничени се повеќе од 20 лица. Околу 15 лица се во полициска станица...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека за трагедијата во Кочани осомничени се повеќе од 20 лица. Околу 15 лица се во полициска станица. Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати, дел се во болница. Приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, поранешен раководител на еден сектор во рамки на Министерството за економија. Тројца малолетници се починати, а повеќе од 20 малолетни лица се повредени, изјави министерот. Во дискотеката имало околу 500 лица.
