Трагедија во Кочани

Хуманост во мака, граѓаните ги отворија своите домови за кочанчани

16.03.2025 16:57

Граѓаните ги отворија своите домови за сите кои ги чекаат информациите за своите деца внуци блиски роднини. Им нудат престој и храна како да се во својот дом. Една иста порака за трпение и надеж испратија духовните лица.

Хуманоста како надеж во маката. Граѓаните ги отворија своите домови за сите кои ги чекаат информациите за своите деца внуци блиски роднини. Им нудат престој и храна како да се во својот дом. Една иста порака за трпение и надеж испратија духовните лица.

„Носиме храна за медицинскиот персонал, но и за семејствата кои чекаат пред болниците. Каква и помош да е потребна, ние ќе бидеме секако вклучени“, вели отец Оливер од организацијата „Свети Спас“.

„Дојдов за да ја споделам болката со овие луѓе и да преземам дел од товарот кој го носат поради огромната загуба и болка“, вели свештено лице од ИВЗ.

А пред болниците, човештината ги потиснува емоциите. Хуманитарни здруженија помагаат со вода, храна, хигиенски средства. Студентите од медицинскиот факултет се самоорганизираа уште рано наутро за да им помогнат на лекарите од клиниките.

Од Министерството за образование ги ставија на располагање објектите на студентските домови.

Сите болници споделија броеви на кои може да се јават роднините за состојбата на пациентите.

Фиљана Кока