Трагедија
Македонија тагува, седумдневна жалост, ден по големата трагедија
17.03.2025 08:31
Ден по големата трагедија, во пожар во дискотека во Кочани во која загинаа 59-мина, претежно малолетни и млади лица, сè уште владее шок. Стотици во исчекување за состојбата на повредените, дел од критичните пренесени во странство.

Македонија тагува, седумдневна жалост. Ден по големата трагедија, во пожар во дискотека во Кочани во која загинаа 59-мина, претежно малолетни и млади лица, сè уште владее шок. Стотици во исчекување за состојбата на повредените, дел од критичните пренесени во странство.
Во тек е истрагата, објектот работел со фалсификувана дозвола, без основни услови. Увидот продолжува и денеска. Обвинителството поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица, ќе има кривична и морална одговорност – рече премиерот Мицкоски
