Инструкции за постапување со деца
Со своите деца, без разлика на возраст мора да разговараат за кризната состојба на која сме сведоци, стои во соопштението од Образование...

Во вакви несакани ситуации родителите природно е да се чувствуваат вознемирени, несигурни. Но, сепак со своите деца, без разлика на возраст мора да разговараат за кризната состојба на која сме сведоци. Еве неколку совети: најпрво уверете ги децата дека се безбедни, дека службите работат за да се справат со ситуацијата. Одржувајте рутина со децата и правете активности што ги смируваат. Тоа ја гради вербата во нивната способност.
Започнете разговор и слушајте ги внимателно без да ги прекинувате. Разговарајте за настанот, затоа што тие знаат за него, ограничете го времето поминато со вести за настанот и внимавајте што споделувате по социјалните мрежи. Особено е важно како родителите да се воздржат од споделување на вознемирувачки вести и фотографии во групите формирани на ниво на училиште.
На овој начин може да се превенираат штетните ефекти од шпекулациите и непроверените информации што наредните денови ќе се пласираат. Бидете пример на вашите деца за тоа како да се справуваат со стресни искуства. Придржувајте се кон проверени информации, уважете ги очекуваните емоции од стресните настани и одржувајте го вашиот редовен распоред за да воспоставите чувство на контрола и сигурност. Доколку некои деца чувствуваат потреба да разговараат повеќе или се повеќе вознемираени упатете ги до училишниот психолог или друго стручно лице.
