Здравство

Околу 90 повредени во пожарот се лекуваат во болниците низ земјава, над 40 се префрлени во странство

17.03.2025 09:02

Роднините на настраданите во трагичниот настан во Кочани, кои се пренесени на лекување во Бугарија, информации за Установата за лекување во која престојуваат нивните најблиски можат да добиваат 24/7 од дежурно лице во Министерството за здравство на република Бугарија на телефонскиот број 02/ 8050 300...

Околу 90 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ се лекуваат во болниците низ земјава, над 40 се префрлени во странство, уште осуммина одат на лекување во Хрватска и во Романија. Пациенти има и во Србија, Бугарија, Грција, Турција. Петмина повредени во пожарот во Кочани се хоспитализирани во болници во Солун, двајца веќе се оперирани.

Роднините на настраданите во трагичниот настан во Кочани, кои се пренесени на лекување во Бугарија, информации за Установата за лекување во која престојуваат нивните најблиски можат да добиваат 24/7 од дежурно лице во Министерството за здравство на република Бугарија на телефонскиот број 02/ 8050 300.