Свет

Трамп утре ќе разговара со Путин

17.03.2025 10:54

Шефот на Белта куќа се обидува го убеди рускиот колега да го поддржи планот за 30-дневно примирје што Украина.

Продолжуваат напорите за ставање крај на војната во Украина. Трамп утре ќе разговара со Путин, териториите, електраните и поделба на одредени средства дел од темите за дискусија. Шефот на Белта куќа се обидува го убеди рускиот колега да го поддржи планот за 30-дневно примирје што Украина.

„Ние работиме прилично добро со Русија. Ќе видиме дали ќе објавиме нешто. Ќе разговарам со претседателот Путин во вторник. Многу работа беше завршена во текот на викендот. Сакаме да видиме дали можеме да ја доведеме таа војна до крај. Можеби можеме. Можеби не можеме“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Во меѓувреме, продолжуваат меѓусебните напади меѓу Украина и Русија. Москва се обидува да им зададе завршен удар на украинските сили кои од август држат делови од рускиот регион Курск.

„По разговорите во Џеда и американскиот предлог за прекин на огнот на фронтот, Русија украде речиси уште една недела – недела од војна што ја сака само Русија. Ќе направиме се за да ја направиме дипломатијата ефективна. Но, секој ден сега е за одбрана на нашата независност, нашата држава и нашиот народ“, нагласи украинскиот претседател Зеленски.

Кремљ изрази претпазлив оптимизам дека би можел да се постигне договор за крај на тригодишната војна.