Блиски Исток
Јеменските бунтовници Хути тврдат двапати го нападнале американскиот носач на авиони „Хари Труман“
17.03.2025 12:07
Хутите објавија дека нападите ги извршиле како одговор на американските гранатирања врз териториите што ги контролираат во Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана.

Јеменските бунтовници Хути тврдат дека за 24 часа двапати го нападнале американскиот носач на авиони „Хари Труман“ со голем број балистички и крстосувачки ракети и дронови.
Хутите објавија дека нападите ги извршиле како одговор на американските гранатирања врз териториите што ги контролираат во Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана.
Советникот за национална безбедност на САД, Мајк Волц, не исклучува употреба на сила против Иран, поради поддршката за јеменските Хути и потенцијалниот развој на нуклеарно оружје.
