Виолината на „Страдивари“ од 1702 година ќе засвири во „Света Софија“
Охридско лето вечерва уште со еден спектакл, во црквата „Света Софија“ ќе настапи дуото Кирил Трусов-виолина и Александра Трусова-пијано. Освен во врвното мајсторство на двајцата музичари, публиката секако ќе биде фокусирана и на скапоцената виолина на Кирил, „Страдивари“ изработена во 1702 година.

Кирил Трусов, еден од најзначајните виолинисти во светот, вечерва во катедралната црква „Света Софија“ ќе свири на виолина „Страдивари“,изработена во 1702-та година, со која настапувал и познатиот виолинист од 19-тиот век, Адолф Бродски. Почнав да свирам на 4 години, со обични и модерни виолини, а од 17-тата настапувам на „Страдивари“ вели Трусов.
„Постојат разлики меѓу ваков инструмент и другите виолини.Разликата е мошне мала,но истовремено огромна.Слично на болидите на Формула 1.И со најлошиот болид ќе стигнете на целта,но малата разлика ќе направи да стигнете прв на целта“, вели Кирил Трусов виолинист од Русија-Германија.
Виолината не е моја, рече Трусов.Во основа, уметниците свират на инструменти што се сопственост на колекционери или банки и се разбира, кои се осигурани. Тој е среќен што е дел од приказната на овој инструмент, а вечерва со својата сестра, пијанистката Александра Трусова, како што најави на публиката ќе и приредат уште еден незборавен концерт.
Гордана Јосифова Неделковска-музички селектор
„На нивната програма ќе бидат многу ретко изведувани дела, некои од нив се премиерни, што е исто така причина повеќе фестивалската публика, би рекла многу едуцирана и веќе искусна да ужива во вечерашниот концерт“, вели Гордана Јосифова - Неделковска, музички селектро.
Александра и Кирил Трусов досега соработувале со врвни светски оркестри и со дел од диригентската елита меѓу кои - Сер Невил Маринер, Лорин Мазел, Лоренс Фостер, Владимир Спиваков и многу други.
Сашо Нелоски
