Македонија
Уставниот суд ја одложува подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците
17.03.2025 12:03
Судот ја зема во предвид прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани и траумата низ која поминува општеството, граѓаните и државата.

Уставниот суд на работен состанок денеска одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана на 20 март.
Судот ја зема во предвид прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани и траумата низ која поминува општеството, граѓаните и државата.
Датумот за одржување на подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците ќе биде дополнително утврден, информираат од Уставниот суд.
