Македонија
Собранието ги одложува сите активности планирани за неделава
17.03.2025 12:06
На координацијата претседателот на Собранието Африм Гаши предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите активности на Собранието закажани и планирани за оваа седмица се откажуваат.

Македонското Собрание ги откажува сите активности планирани за неделава поради трагедијата што се случи во Кочани.
На координацијата претседателот на Собранието Африм Гаши предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите активности на Собранието закажани и планирани за оваа седмица се откажуваат.
Собранието ќе заседава само доколку има потреба од усвојување на акти поврзани со трагедијата во Кочани.
