Повредените на лекување во Турција и Србија
Тројца се хоспитализирани во Истанбул, шестмина се третираат во Анкара. Уште девет пациенти се во Ургентниот центар на Србија, а тројца пациенти се примени на воено-медицинската академија...

Деветмина од повредените се пренесени во болница во Турција. Тројца се хоспитализирани во Истанбул, шестмина се третираат во Анкара. Уште девет пациенти се во Ургентниот центар на Србија, а тројца пациенти се примени на Воено-медицинската академија.
12 пациенти со авион на српската армија беа пренесени од Скопје во Белград, во придружба на четворица лекари и четворица медицински техничари.
Повредите им се тешки, имаат изгореници и на 28 проценти од кожата. Двајца пациенти со воени амбулантни возила беа пренесени во Воената болница и во Клиничкиот центар во Ниш.
