Трагедија во Кочани

Тошковски категоричен- правда ќе има!

17.03.2025 13:16

Приведен е и сопственикот на дискотеката, припадници на обезбедувањето, пазарни и трудови инспектори. Пиротехниката во објектот, наменет за месна индустрија, ја внел бендот ДНК што настапувал на диво...

Сè уште трае распитот на осомничените за трагедијата во Кочани. Меѓу нив е и екс-министерот за економија, Крешник Бектеши. Приведен е и сопственикот на дискотеката, припадници на обезбедувањето, пазарни и трудови инспектори.

Пиротехниката во објектот, наменет за месна индустрија, ја внел бендот ДНК што настапувал на диво.

Министерот за внатрешни категоричен-правда ќе има. Засега се приведени 12 лица, одреден им е 48-часовен притвор. Најави дека ќе се приведуваат уште лица.

Известува Анита Димитријевска-Велковска