Контролите завршија, на ред се квалификациите
5 победи и 2 пораза е ефектот на подготвителните средби на македонските кошаркари по турнирите во Охрид, Скопје и вчерашното гостување во Загреб. Некомплетни без Дамјан Стојановски и Бојан Крстевски според скромните информации од затворениот за јавноста дуел со Хрватска нашите кошаркари одиграле солиден натпревар, биле рамноправни во поголемиот дел од средбата, а најзначајно е што по 6-те средби на домашен терен во пресрет на квалификациите се соочија и со гостинско искуство што ќе биде многу значајно за претстојните квалификациски предизвици.

5 победи и 2 пораза е ефектот на подготвителните средби на македонските кошаркари по турнирите во Охрид, Скопје и вчерашното гостување во Загреб. Некомплетни без Дамјан Стојановски и Бојан Крстевски според скромните информации од затворениот за јавноста дуел со Хрватска нашите кошаркари одиграле солиден натпревар, биле рамноправни во поголемиот дел од средбата, а најзначајно е што по 6-те средби на домашен терен во пресрет на квалификациите се соочија и со гостинско искуство што ќе биде многу значајно за претстојните квалификациски предизвици. Првиот е веќе в недела во спортскиот центар Борис Трајковски против селекцијата на Белгија. Влезниците по цена од 100 и 150 денеари би требало да обезбедат солидна поддршка од трибините во битката за успешен старт и атакот да се обезбеди едно од првите 2 места во групата што водат во завршницата на евробаскетот. Мечот што ќе почне во 20часот и 30 минути Македонската Телевизија ќе го пренесува на првиот програмски сервис и ќе биде вовед во серијата од три гостувања на нашите кошаркари. На 13 август македонската селекција ќе гостува во Данска, на 17-ти во Белорусија и на 20 август на реванш во Белгија. Завршницата на квалификациите е на домашен терен, на 24 август против Данска, по што квалификацискиот циклус ќе биде заокружен со мечот против Белорусија на 27 август во Скопје.
