прес-конференција

Мицкоски и Таравари во посета на повредените

17.03.2025 13:45

Состојбата на сите пациенти до сега е стабилна, да се надеваме дека нема да дојде до компликации. Континуирано добиваме информации од сите болници за пациентите, рече министерот Таравари...

84 пациенти од трагичниот настан во Кичево се во Скопје, до крајот на денот уште 26 ќе се испратат на лекување во други држави. Во Македонија ќе останат 58 пациенти.

„Состојбата на сите пациенти досега е стабилна, да се надеваме дека нема да дојде до компликации. Континуирано добиваме информации од сите болници за пациентите“, изјави на прес- конференција министерот за здравство, Арбен Таравари.

Премиерот Мицкоски кој беше во посета на повредените, се заблагодари на соседите и на сите земји коишто излегоа во пресрет и прифатија дел од пациентите, како и на они коишто испратија свои медицински тимови во Македонија.

Таравари повторно испрати апел до сите оние кои присуствувале на трагичниот настан во Кочани, а не се пријавиле на лекар, да се пријават кај нивните матични лекари или во болниците во Кочани или Штип, или пак во трите болници во Скопје.