Банкрот демнее над Балканот, Македонија финансиски стабилна!

06.08.2014 16:42

Наспроти прогнозите на свтеските аналитичари за можен банкрот на некоја од балканските држави, гувернерот за МТВ тврди, монтарната политика има инструменти и моќ да ја држи во рамнотежа македонската економија...

Македонија е финансиски стабилна, извозот расте од јануари до јуни, Народната банка очекува трендот да продолжи, трговскиот дефицит да се намалувa. Извозно ориентираната индустрија ја засилува производната линија. БДП во првиот квартал 3,9 насто, ценралната банка прогнозира годинава да заврши со раст од 3,7 проценти.

Наспроти прогнозите на свтеските аналитичари за можен банкрот на некоја од балканските држави, гувернерот за МТВ тврди, монтарната политика има инструменти и моќ да ја држи во рамнотежа македонската економија.

„Буџетот е основниот инструмент на владините политики, она што ние како монетарна политика можеме да го направиме е да ја одржиме стабилноста на цените преку стабилноста на девизниот курс и монетарната политика има инструменти, има моќ да ја одржи рамнотежата во македонската економија“, посочува гувернерот Димитар Богов.

Откупот на девизниот пазар и новата еврообврзницата ги билдаат девизните резрви. Купчето достигна 2,3 милијарди долари.

„Ќе има силно позитино влијаение врз сервисирањето на долговите кои достасуваат во следните две три години и врз одржување адекватно ниво на девизните резерви што значи ќе се одржи стабилна монетарна фискална политика во државава“, смета универзитетскиот професор Томе Неновски.

Економските параметри според аналитичарите покажуваат- македонската економија стои на здрави нозе, нема поголеми опасности  наспроти балканските поместувања.

Прстот е вперен кон соседството. Неколку земји на Балканот се соочуваат со закана за банкрот – предупредуваат светските експерти. Опасноста чука на врата кај Босна и Херцеговина и Хрватска, тешко им оди сервисирањето на долговите. Србија веќе презема остри мерки и реформи да го скастри јавниот долг. Со висок БДП, Словенија има можности да го сервисира.

Според магазинот „Еуромани“ сериозни финанасиски проблеми ја тресат Белорусија, по неа Украина, меѓу 10- те земји во светот кои може да банкротираат сеуште се наоѓа и Грција.

Сузана Фиданска- Стоевска