Филипче: Истрагата да биде брза и ефикасна, никој да не биде поштеден
Не е време за политизирање на случајот. Во моменти на огромна болка и тага важно е да останеме единствени и сплотени, порача претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз, Венко Филипче. Фокусот сепак е на истрагата...

Не е време за политизирање на случајот. Во моменти на огромна болка и тага важно е да останеме единствени и сплотени, порача претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз, Венко Филипче. Фокусот сепак е на истрагата.
Истрагата да биде брза и ефикасна, никој да не биде поштеден без разлика на етничката и партиската припадност, порача Филипче.
Тој побара институциите да си ја завршат работата, транспарентно, да не остане сомнеж дека некој се штити. Да не заборавиме што се случи, и да се осигураме дека нема да се повтори, рече Филипче.
Филипче ги понуди човечките капацитети на партијата за помош во истрагата. Како доктор се обиде да внесе надеж кај семејствата на повредените. „Тие се во добри раце“ рече тој.
Првиот човек на СДСМ ја поздрави посветеноста на сите здравствени работници и уште еднаш изрази длабоко сочувство до ужалените.
Марина Стојанова – Тонева
