Влада
Помош за семејствата на настраданите
18.03.2025 08:52
Владата ќе обезбеди поддршка, овозможувајќи им да бидат блиску до своите најблиски...

Потпаролката на Владата, Митева нагласи дека семејствата не треба да бидат загрижени за финансиски трошоци и логистика во овие критични моменти. Владата ќе обезбеди поддршка, овозможувајќи им да бидат блиску до своите најблиски.
За координација и повеќе информации, тие можат да се јават на телефонот 070 270 370. Владата донесе одлука да соработува со Црвениот крст на Скопје за управување со официјалната сметка за донации за настраданите. Оваа мерка е донесена со цел да се обезбеди брза и транспарентна дистрибуција на помошта, како и да се спречат можни злоупотреби.
Елизабета Кузмановска известува.
