Започнува контролата на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови
Почнувањето на контролите вчера го најави премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши...

Почнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови по што властите ќе излезат со детални информации.
Почнувањето на контролите вчера го најави премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, на кој се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти, регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови.
Премиерот Мицкоски уште завчера на прес-конференција во Владата рече објектот каде што се случи пожарот имал фалсификувана лиценца за работа од датум 13-ти март 2024 година, потпишана од тогашната државна секретарка во Министерството за економија размена Чекиќ-Дуровиќ.
