свет

Денеска телефонски разговор Трамп-Путин

18.03.2025 09:37

Претходно шефот на Белата куќа изјави дека очекува да го убеди рускиот колега да го прифати 30-дневното примирје. Многу работа беше завршена во текот на викендот...

Продолжуваат напорите за ставање крај на војната во Украина. Денеска на телефонска линија Трамп-Путин. Претходно шефот на Белата куќа изјави дека очекува да го убеди рускиот колега да го прифати 30-дневното примирје. Многу работа беше завршена во текот на викендот. Сакаме да видиме дали можеме да ја доведеме таа војна до крај, изјави Трамп. Од Кремљ не ја коментираат содржината на разговорот. Во меѓувреме, борбите продолжуваат.

Зеленски пак, рече дека Русија украде речиси уште една недела војна. Ќе направиме се дипломатијата да биде ефективна. Но, секој ден сега е за одбрана на нашата независност, нашата држава и нашиот народ, посочи украинскиот претседател.