УХМР

Најстудено утрово на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија

18.03.2025 09:39

Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка, а најтопло e во Гевгелија. Охрид и Маврови Анови се со најмногу наврнат воден талог во изминатите 24 часа...

Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка, а најтопло e во Гевгелија. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, -8 степени Целзиусови се измерени на Попова Шапка, -4 во Крушево, Маврови Анови, -1 во Берово, 0 во Крива Паланка, Прилеп, Охрид, Битола, Тетово, Куманово, Претор, 1 во Скопје-Зајчев Рид, 2 во Штип, Виница, Велес, Струмица, 3 во Скопје-Петровец, 4 во Кавадарци, 5 во Демир Капија, а 6 во Гевгелија.

Охрид и Маврови Анови се со најмногу наврнат воден талог во изминатите 24 часа. Девет литри на квадратен метар се измерени на овие две места, 6 во Крушево, 5 во Крива Паланка, Берово, Пожаране, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 3 во Битола, Штип, Попова Шапка, 2 во Прилеп, Виница, Претор, 1 во Скопје-Петровец, Демир Капија, Куманово, Кавадарци, Пожар.

Висината на снежната покривка во седум часот во Крушево изнесувала шест сантиметри, а еден сантиметар во Охрид.