Хирошима: 69 години од атомската бомба

06.08.2014 17:00

Пред 69 години, на денешен ден, во точно 8 часот и 15 минути американскиот воен авион ја фрли бомбата, а ова утро во истото време присутните со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите.

Со темјан и молитви пред изгрејсонце во Хирошима почна одбележувањето на денот на кој што пред 69 години врз градот беше фрлена атомска бомба.

Пред 69 години, на денешен ден, во точно 8 часот и 15 минути американскиот воен авион ја фрли бомбата, а ова утро во истото време присутните со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите.

Јапонија останува единствената земја во историјата која што го  преживеа хоророт од атомска бомба врз цивилни цели, истакна јапонскиот премиер Шинзо Абе.

„Ние, Јапонците, сме единствената жртва во историјата на која што и се случи нуклеарен напад за време на војна  и имаме одредена одговорност да придонесеме за свет без нуклеарни оружја“, рече Шинзо Абе, премиер на Јапонија.

Со Бомбата наречена „Детето“ до денес покосени се близу 293 000 човечки животи. Дел беа убиени на лице место, а останатите починаа подоцна од повреди или радијација.

„Атомската бомба беше апсолутно зло со кое што многу граѓани беа лишени од живот, а животите на преживеаните беа претворени во немир“, рече Казуми Мацуи, градоначалник на Хирошима.

Три дена подоцна, на 9 ти август, Соединетите Американски Држави фрлија и втора бомба брз јапонскиот град Нагасаки. Бомбата наречена „Дебел“ уби близу 80 000 цивили.

Марија Котовска