Трагедија во Кочани
Бектеши и Трајковски спроведени во истражниот затвор во Шуто Оризари
18.03.2025 12:55
Оваа информација за МТВ ја потврди директорот на затворот Бобан Утковски...

Петмина осомничени за пожарот во Кочани се спроведени во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, а меѓу нив се и екс-министерот за економија Крешник Бектеши и поранешниот прв човек на пазарниот инспекторат – Горан Трајковски.
Оваа информација за МТВ ја потврди директорот на затворот Бобан Утковски.
На осомничените, на барање на Обвинителството им е определен краткотраен 48-часовен притвор.
