Трае обдукцијата на настраданите, процесот се одвива според предвиденото
Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, засега не открива врз колку тела е завршена обдукцијата, но вели дека се работи со планираното темпо.

Трае обдукцијата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека. Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, засега не открива врз колку тела е завршена обдукцијата, но вели дека се работи со планираното темпо. Идентификацијата не се извршува само со обдукција, туку и со ДНК анализи. Станува збор за два паралелни процеса.
Работиме со планирано темпо. Паралелно се вршат и обдукција и ДНК анализи. Собрани се ДНК материјали за споредба, од роднините на починатите. Очекуваме брзо да се заврши работата. Не може точно да се каже кога, приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може телата да си ги подигнат роднините, нагласи Станков.
Известува Мартин Николовски
