Откриен изворот на листерија

06.08.2014 17:04

Бактеријата е пронајдена во чаден свински врат на месната инустрија Екстра Меин од Куманово...

Здравствените власти го открија изворот на Листерија. Бактеријата е пронајдена во чаден свински врат на месната инустрија Екстра Меин од Куманово. 
 
„Испитувањата на вкупно 650 мостри прехрамбени производи покажаа дека бактеријата листерија е најдена во триесет производи што термички се обработуваат и се сметаат за безбедни за јадење и кај еден производ што не се обработува термичики- вакумиран сечкан свински врат. Генетичките профили на листеријата од овој производ во 98% се совпаѓаат со оние најдени кај 8-те раболени од листериоза“, изјави професор д-р Ѕвонко Миленковиќ, претседател на Комисијата за заразни болести.
 
До вечер ќе бидат повлечени сите сомнителни продукти на оваа домашна фабрика, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевки.
 
Од листерија досега починаа четворица.