По трагедијата во Кочани
Тошковски со одлуки за разрешувања во МВР
18.03.2025 13:32
Од МВР повеќе детали најавуваат на прес- конференција.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагичната несреќа во Кочани донесе повеќе одлуки за разрешувања на началници и командири во рамки на Министерството за внатрешни работи.
Се разрешуваат:
1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип
2. Помошник началник на СВР Штип
3. Началник на Одделение за полиција Штип
4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип
5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани
6. Командир на Полициска станица од општа надлежност Кочани
7. Началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани
Од МВР повеќе детали најавуваат на прес- конференција.
