Европски парламент

Вајц: ЕУ да спречат идни билатерални блокади, да и ги дадат на земјата потребните гаранции

18.03.2025 19:21

Имаме можност конечно да го „откочиме“ процесот за вистински почеток на преговорите со Северна Македонија, порача известувачот на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент...

Имаме можност конечно да го „откочиме“ процесот за вистински почеток на преговорите со Северна Македонија, порача известувачот на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, Томас Вајц. 

Презентирајќи го нацрт-извештајот повика македонските власти да ги унапредат реформите, да ги почитуваат минатите договори, а институциите на ЕУ и земјите-членки да спречат идни билатерални блокади и да и ги дадат на земјата потребните гаранции.

Вајц оцени дека за надминување на бугарското вето во 2022-та ЕУ ги вклучи барањата на Софија во заклучоците на Советот, таканаречениот Француски предлог, сепак постави загрижувачки преседан дозволувајќи пристапниот процес да се користи за решавање на културните и историските спорови.

„Искрено се надевам дека сите страни, властите во Северна Македонија, институциите на ЕУ и соседните земји, ја препознаат итноста на моментот и решително ќе дејствуваат за земјата да се придвижи напред по усвојувањето на уставните промени“, додаде Вајц.