Македонија

МВР: Зголемено присуство на полициски службеници низ цела држава

18.03.2025 14:44

Апелираме до граѓаните сите собирања и протести да се одржат во мирна атмосфера, соопштуваат од МВР.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда.

Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на протест.

Апелираме до граѓаните сите собирања и протести да се одржат во мирна атмосфера, соопштуваат од МВР.