Тетово

ДУТ доби простории од Центарот за јавно здравје

06.08.2014 17:09

Државниот универзитет во Тетово доби простории од Здравственот дом за потребите на медицинскиот факултет.

Државниот универзитет во Тетово доби простории од Здравственот дом за потребите на медицинскиот факултет.

„Предавањето на овој дел од Центарот за јавно здравство, во сопственост на нашиот Универзитет, претставува непроценлива инвестиција за медицинскиот факултет со што се зголемува ефикасноста на услугите за пациентите и ќе биде во служба на студентите и академскиот кадар на факултетот. Со овие инвестиции кои ги реализираме во нашиот факултет, на оваа академска единицата и овозможуваме унапредување и нормално одвивање на редовниот наставен и научен процес, како во теоретскиот, така и во практичниот дел“,  рече ректорот на ДУТ Вулнет Амети.

Министерот за образование Адеми најави отворање три нови факултети на тетовскиот универзитет.

„Ќе формираме уште три нови факултети земјоделскиот, факултет за геонаука и технологии и педагошкиот факултет во рамки на универзитетот во Тетово“, рече министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми.