Скопје

Студенти и професори им оддадоа почит на загинатите во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“

18.03.2025 15:03

Студентите по 7-минутниот молк положија цвеќе на платото на техничките факултети во Скопје...

Стотици студенти, заедно со нивните професори, декани и службеници вработени во ФИНКИ, Електротехнички, Машински, Технолошко-металуршки и други факултети, им оддадоа почит на загинатите 59 врсници, но и помлади од нив во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16-ти март.

Студентите по 7-минутниот молк положија цвеќе на платото на техничките факултети во Скопје. По 7-минутниот молк, немаше говор. Присутните во долги колони чекаа да го остават цвеќето и да запалат свеќи. Мирен собир на средношколците во неколку градови. Бараат одговори и одговорност.