МВР

Тошковски: Идентификувани сите починати лица, обдукцијата е завршена

18.03.2025 16:17

На прес-конференцијата Тошковски рече дека во трагичната несреќа се повредени вкупно 196 лица. Од нив, 93 се лекуваат на клиниките во Скопје, а 80 во болници во странство...

Обдукцијата на починатите во пожарот во дискотеката во Кочани е завршена денеска, соопшти попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

На прес-конференцијата Тошковски рече дека во трагичната несреќа се повредени вкупно 196 лица. Од нив, 93 се лекуваат на клиниките во Скопје, а 80 во болници во странство.

Досега приведени се 18 лица, а задржани се 16 лица од коишто последното задржано лице се товари за тешки дела против општата сигурност, истото е потписник на основен проект за издавање на кабаре-клуб, еден од документите за да биде ставен во функција кабаре – клуб, додаде Тошковски.