Кочани

Погребот на 59 починати во пожарот ќе се одржи во четврток

18.03.2025 18:20

Државата и црквата се подготвуваат за достоинствено испраќање на жртвите до нивните вечни почивалишта. Во четврток ќе се изврши погребот на градските гробишта во Кочани. Богослужбата ќе ја водат владици и поглаварот на МПЦ.

На 20-ти март, четврток, Македонија ќе се прости од 59-те жртви од најголемата трагедија во поновата историја. Најголем дел од загинатите ќе бидат погребани на градските гробишта во Кочани.

Богослужбата за упокоените ќе ја води поглаварот на Македонската православна црква г.г Стефан придружуван од неколку владици од Синодот. Погреби ќе има и во Чешиново – Облешево, Штип, Скопје, Македонска Каменица, Виница и Пробиштип.

Славица Величковска