Влада

За два дена направени педесетина контроли, само 22 објекти имале важечки лиценци

18.03.2025 19:29

Во изминатите два дена државните пазарни инспектори спровеле педесетина контроли во објекти на целата територија на државата. Само 22 објекти имале важечки лиценци, соопштија од Владата. Акцијата продолжува додека не бидат проверени сите угостителски објекти...

За два дена направени педесетина контроли, на територијата на целата држава. Само 22 објекти имале важечки лиценци, соопштија од Владата. Акцијата продолжува додека не бидат проверени сите угостителски објекти. За оние објекти коишто се со истечена важност, или воопшто немаат лиценца, Државниот пазарен инспекторат донесе забрана за вршење на дејност.

Кај магацинот кој однадвор изгледа како напуштен објект, а одвнатре како дискотека, а достигнал статус на „кабаре“, беа констатирани низа неправилности.

Премиерот Христијан Мицкоски потенцираше дека за 15 минути, за одредена сума на пари се давале лиценци. Најави законски измени и заострување на условите за добивање вакви лиценци.

Мицкоски додаде дека одговорност ќе има за сите, ако се утврди каква било вина.

 

Александра Спировска