помош

Бесплатен превод на документи за повредените

19.03.2025 08:15

На социјалната мрежа Фејсбук е отворена група, насловена „Превод кога е најпотребен“, каде преведувачи нудат бесплатен превод на повеќе јазици на медицинска и на немедицинска документација за повредените во пожарот. Целта е да се олесни комуникацијата на болниците со семејствата...

Докторите нека ги спасуваат, ние да преведуваме. На социјалната мрежа Фејсбук е отворена група, насловена „Превод кога е најпотребен“, каде преведувачи нудат бесплатен превод на повеќе јазици на медицинска и на немедицинска документација за повредените во пожарот. Целта е да се олесни комуникацијата на болниците со семејствата.

„Околностите се вонредни и итни, ќе преведуваме и немедицинска документација, односно комуникација како електронска пошта, други пораки и насоки, и ќе се обидеме да бидеме што е можно пофлексибилни за најдобро да ги поддржиме нашите сограѓани кои поминуваат низ најтешкото“, велат македонските преведувачи.

Списокот на јазици се дополнува како пациенти се праќаат на лекување во други држави.