усс-уким

Откажани масовни собири по кампуси

19.03.2025 08:27

Одлуката е донесена за да не се создава метеж во време кога медицинската помош и полицијата се најпотребни на други локации...

Универзитетското студентско собрание при УКИМ информираше дека наместо големи собири по кампуси ќе се организираат само собири на ниво на факултети за изразување почит и сочувство за загинатите во пожарот во кочанската дискотека. Одлуката е донесена за да не се создава метеж во време кога медицинската помош и полицијата се најпотребни на други локации.

„Овие црни денови не се момент да се делиме, ниту да се пренасочуваме едни против други. Да се сплотиме како студенти и да си ја распределиме тагата, така е полесна“, велат од универзитетското собрание при УКИМ од каде се оградија од говорот на министерката Јаневска на првиот собир во понеделникот, велејќи дека обраќањето не било предвидено.