На Блаце нема превентивни мерки против Еболата!
Камерата на МТВ забележа дека нема вознемиреност меѓу патниците, сепак оние кои доаѓаат од странските земји заради безбедност се вакцинирале...

Македонските здравствени власти будно ја следат состојбата со смртоносниот вирус Ебола. На граничните премини нема посебни превентивни мерки, но велат доколку цариниците забележат сомнителен случај веднаш ќе ги алармоираат здравствените власти.
На граничниот премин Блаце редици возила чекаат да влезат на македонска страна, помалку има за излез, а многу повеќе чекаат да влезат во Македонија.
Камерата на МТВ забележа дека нема вознемиреност меѓу патниците, сепак оние кои доаѓаат од странските земји заради безбедност се вакцинирале:
-Знаете дека се воведуваат превентивни мерки за заштита од ебола во Македонија?
-Не!
-Дали има и во Косово?
-Моментално нема.
-Ние не одиме подалеку од Македонија, доколку има причина ќе бидеме загрижени, но мислиме дека се е во ред.
-Ние доаѓаме од странство и на секое патување земаме вакцина, мислиме дека нема зошто да се грижиме.
-Доѓам од Швајцарија.
-Дали има таму превентивни мерки?
-Не знам!
Од Комисијата за заразни болести велат дека инфективната клиника е подготвена да прими заболено лице, обезбеден е и карантин. Во Македонија на неколкуте гранични премини поради летните одмори фрекфенцијатана патници е зголемена .
Дијана Ценевска
