Нетанјаху: Преговори со Хамас само под оган
Ги повика цивилите во енклавата да се преместат во побезбедни области по смртоносните напади за кои тврди дека биле насочени кон терористите...

Преговорите за обновување на примирјето во Газа ќе се одвиваат само под оган-дециден израелскиот премиер. Ги повика цивилите во енклавата да се преместат во побезбедни области по смртоносните напади за кои тврди дека биле насочени кон терористите.
„Во изминатите две недели, Израел не иницираше никаква воена акција со надеж дека Хамас ќе го промени курсот, но тоа не се случи. Ова е причината зошто вчера одобрив обнова на воената акција“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Во обновените воздушни напади во енклавата загинаа над 400 луѓе. ОН за човекови права го осудија потегот на Тел Авив. Го повикаа Хамас веднаш да ги ослободи преостанатите заложници, а сите држави да влијаат за постигнување траен мир. Стотици израелци на протест побараа владата да ги продолжи преговорите.
