Брисел

Европа мора да ги зајакне европските капацитети

19.03.2025 08:54

Европа мора да ги зајакне своите воени капацитети за да избегне можни војни – истакна шефицата на Европската комисија...

Во услови на војна во Украина и зголемени геополитички тензии, Европа мора да ги зајакне своите воени капацитети за да избегне можни војни – истакна шефицата на Европската комисија.

„Ако Европа сака да избегне војна, Европа мора да се подготви за војна. До 2030 година, мора да имаме силна европска одбранбена положба. А тоа значи дека мора да се дејствува сега. Не можеме да си дозволиме да бидеме туркани од историјата“, изјави Урсула Фон дер Лајен,  претседател на Европската Комисија.

Коментарите на Лајен дојдоа откако идниот германски канцелар Фридрих Мерц го доби одобрението од пратениците за олабавување на строгите правила за задолжување на нацијата и за воведување повисоки трошоци за одбраната.