Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени пиротехнички средства
Полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т.В.(58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот.

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т.В.(58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот.
Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
Лицето било лишено од слобода и во полициска станица, во присуство на адвокат, со него бил извршен службен разговор, а од инспектор за заштита и спасување издадени се прекршочни платни налози и издадено е решение за забрана за работа до отстранување на неправилностите. За настанот бил известен јавен обвинител.
