Македонија

На хируршките клиники повторно операции, од утре според целосно планираните програми

19.03.2025 11:07

Од денеска хируршките клиники ќе почнат да функционираат не со полн капацитет, туку само за онколошки пацинети, а од утре по состанокот на кризниот штаб се надевам сите клиники да работат комплетно, изјави Таравари...

По прекинот што настана за третман на пациентите од пожарот во Кочани на хируршките килини во Скопје од денеска ќе продолжат операциите за онколошки пациенти, а се очекува од утре клиниките да работат со целосно планираните програми, најави министерот за здравство Арбен Таравари

Од денеска хируршките клиники ќе почнат да функционираат не со полн капацитет, туку само за онколошки пацинети, а од утре по состанокот на кризниот штаб се надевам сите клиники да работат комплетно со програмите што биле планирани, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.