Трагедија во Кочани

Пациенти од штипската болница пуштени на домашно лекување

19.03.2025 11:30

После апелот на надлежните да се јават на доктор сите оние кои биле присутни во дискотеката во Кочани на кобната ноќ, во штипската болница доаѓаат пациенти и им се вршат прегледи...

Еден пациент со полесни повреди во моментот е хоспитализиран во штипската болница. Од оние двајца пациенти кои во понеделникот се пријавиле во болницата, едниот од нив е испратен на домашно лекување, а другиот е препратен на скопските клиники.

После апелот на надлежните да се јават на доктор сите оние кои биле присутни во дискотеката во Кочани на кобната ноќ, во штипската болница доаѓаат пациенти и им се вршат прегледи. Најголем дел од нив се праќаат на домашно лекување, а на некои, доколку им е посериозна состојбата се праќаат на специјалисти.

Од Штип известува Славица Величковска