OJO

ОЈО бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица, вкупно во притвор се 18

19.03.2025 11:59

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот...

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот.

На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој сè уште трае.

Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица, велат од ОЈО.