Србија
Српското собрание ја потврди оставката на Вучевиќ
19.03.2025 12:29
Сега почнува да тече рокот од 30 дена за избор на нова влада, која доколку не се формира во предвидениот рок, парламентарни избори би можеле да се одржат на 8 јуни...

Падна српската влада. На седница на Собранието констатирана оставката на премиерот Вучевиќ кој самиот ја поднесе во крајот на јануари по падот на натстрешницата во Нови Сад. Сега почнува да тече рокот од 30 дена за избор на нова влада, која доколку не се формира во предвидениот рок, парламентарни избори би можеле да се одржат на 8 јуни.
Вучевиќ изјави дека нема да има преодна влада.
„Како претседател на Српската напредна странка, велам дека нашите пратеници нема да гласаат за преодна влада“, изјави Милош Вучевиќ, поранешен премиер на Србија.
