УХМР
Утре и во петок сончево и потопло, викендот облачно со локален дожд
19.03.2025 19:27
Од сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела кон крајот на денот и во првите денови од следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд.

Утре и во петок времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури, додека утринските насекаде ќе бидат негативни, соопшти УХМР.
Од сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела кон крајот на денот и во првите денови од следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
