Проверки на терен по трагедијата во Кочани

Три објекти со активна лиценца не исполнуваат услови за работа, констатирал инспекторатот

19.03.2025 12:53

Од вчера направената контрола на 12 објекти со активна важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека три од нив не исполнуваат услови, односно немаат минимум технички услови, информираше денеска владината портпаролка, Марија Митева. Кај останатите девет, сè уште е во тек проверката на документацијата.

Над 10 тимови на Државниот пазарен инспекторат континуирано се на терен и ги проверуваат условите во кабареата и ноќните клубови кои имаат активни лиценци. Констатирани се сериозни регулаторни прекршувања.

Од вчера направената контрола на 12 објекти со активна важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека три од нив не исполнуваат услови, односно немаат минимум технички услови, информираше денеска владината портпаролка, Марија Митева. Кај останатите девет, сè уште е во тек проверката на документацијата.

Митева нагласи дека поради ваквата состојба, до Министерството за економија веднаш ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата и за забрана за вршење дејност, а ќе се постапи и по сите казнени одредби според закон.

Проверките продолжуваат во текот на денешниот и утрешниот ден, а од Владата велат дека ќе се проверат сите до детал, без разлика дали имале или немале лиценца, а вршеле дејност.